Култниот бенд ,,Меморија” ќе добие награда за најдобар концерт на манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста”, чие 26-то издание ќе се одржи во четврток.
Музичарот Петар Георгиевски – Камиказа открива дека ќе настапат на настанот со две песни, со солистите Ристо Самарџиев и Апостол Икономов, и дека тоа ќе биде последен настап на тој состав на бендот.
-На Буба Мара се започна, 2017 февруари со „Оган под звездите“. Па концерт во 2017 во ноември со кој ја затворивме ,,Метрополис Арена“, преполна до последното место.
Во 2020, со легендата Дадо Топиќ заедно ја отсвиревме ,,Македонија“ на задоволство на многуилјадната публика, која пееше во еден глас со нас на таа Буба Мара.
Ланската година во јуни концерт за историја во салата ,,Борис Трајковски“, за да во четврток добиеме награда за најдобар концерт. Ќе свириме две песни со двајцата солисти, Ристо и Поце, па така ќе затвориме уште едно поглавје од поновата историја на бендот.
Ова е последен настап во овој состав на бендот, па ќе биде многу убаво да останете до крај на приредбата. Ранко вети дека се ќе заврши до 23 часот. Да се збогуваме со песна, како што ни доликува. Се гледаме во четврток-порача Георгиевски.
ПР текст