607
Само за три месеци надворешната задолженост на земјата се зголемила за 353 милиони евра, објави Народната банка. Заклучно со март, годинава надворешниот долг на земјата изнесува 6,7 милијарди евра или 70,1 отсто од Бруто домашниот производ.
Зголемување на надворешната задолженост има кај Народната банка, но во пораст се и задожувањата на државата. Па така, Владата утре кај домашните кредитори ќе се задолжи за 5,4 милиони евра, заем кој ќе се користи за враќање на стари долгови.
Според официјалните податоци, заклучно со првиот квартал од 2016 година, вкупниот јавен долг изнесува 4,33 милијарди евра или 45% од БДП и последниве години постојано е во пораст.