Попоски: Ветувањето за цел Балкан во ЕУ ќе биде исполнето

by fokus

Покровителството на Франција и на Германија на самитите на високо ниво посветени на земјите од Западен Балкан, се најдобра гаранција за враќање на кредибилитетот на проширувањето и перспективата регионот да стане дел од унијата, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на Самиотот за Западен Балкан во Париз.

-Франција и Германија потврдуваат дека ветувањето за цел Балкан во Европската Унија ќе биде исполнето. Веројатно за повеќемина се научени лекциите од минатото, кога Балканот беше извор на нестабилност. Најдобар начин тоа да се избегне повторно, е  интегрирањето на цел регион во Унијата, кажа Попоски на сесијата на министрите за надворешни работи.

Тој додаде дека Европската унија треба да ја зајакне финансиската помош за регионот, што ќе придонесе за унапредување на инфраструктурното поврзување помеѓу земјите.

Поврзани новости