352
Заклучно со првите три месеци од годинава, бруто надворешниот долг на Македонија изнесува 6,1 милијарда евра, или 68,6% од бруто домашниот производ, објави Народна банка на Република Македонија.
Најголем дел од долгот, или 2 милијарди евра, е на име на државата. Потоа во структурата на долгот следуваат компаниите, осигурителните компании, домаќинствата кои должат 1,9 милијарди евра, па банките и Народна банка.
Во споредба со долгот на крајот од 2014 година, надворешниот долг е зголемен за 230,8 милиони евра.