647
Надминат е прагот на алармирање на ПМ 10 суспендирани честички, покажуваат мерните места Битола 2, Кавадарци и Куманово.
Според Македонскиот информативен центар за животна средина при ресорното Министерство, поради најавата на УХМР за дожд и ветер во наредните денови, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки.
– Бидејќи согласно временска прогноза на УХМР добиено утрово, пред прогласување на надминување на праг на алармирање, се очекува промена на временските услови – умерен, до засилен ветер и врнежи, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки, се наведува во соопштението.