686
Денеска во Македонија пристигнаа 500 илјади вакцини од „Синовак“ со кои значително ќе се забрза процесот на имунизација во земјава.
Авионот го пречекаа кинескиот амбасадор со државниот секретар Иванка Стојаноски, која не сакаше да ја открие цената за која ги купиле овие вакцини.
„Согласно обврските и склучените договори со фирмите кои произведуваат вакцини, обврзани сме да не ја откриваме цената“, истакна таа.