504
Рафаел Надал веднаш по завршување на финалето на Ролан Гарос му честиташе на Новак Ѓоковиќ за освоената 23-та гренслем титула, со што стана тенисер со најголем број гренслем титули во историјата на тенисот.
-Честитки на ова неверојатно достигнување. 23 е бројка која до пред неколку години не можеше ниту да се замисли, а ти успеа! Уживај со твоето семејство и твојот тим, напиша Надал на Инстаграм.
Со оваа титула, Новак го надмина токму Надал кој сега останува на второто место со 22 гренслем титули.