Надал појасни каков треба да биде идеалниот тенисер

by fokus

Шпанецот Рафаел Надал создаде имиџ на идеален тенисер. Тој поседува техники и вештини од различни спортисти.

Според него идеален тенисер треба да ги има спој на карактеристики од неколку играчи.

– Сервисот веројатно треба да биде како оној на Иво Карловиќ. Форхендот да го има на Роџер Федерер. Бекендот од Новак Ѓоковиќ. Приемот повторно како на Ѓоковиќ, додека брзината на Гаел Монфилс. Ако зборуваме за тениски карактер, тогаш би ги издвоил Роџер, Новак и јас, изјави Надал.

На прашањето дали ќе има нов Надал во Шпанија, тенисерот одговори:

– Не знам, но се надевам на тоа. Ќе биде добро за земјата ако има некој подобар од мене. Затоа, им посакувам се најдобро на играчите од новата генерација.

Поврзани новости