Скопје блокирано од 100 автомобили, полицајците бараат поголеми плати

by Fokus 12:05
12:05

Во знак на револт поради ниските плати над 100 возила денес блокираат дел од улиците во Скопје со барање да не се омаловажуваат полициските службеници и да не се нарушува честа и угледот на овие лица. Независниот полициски синдикат денес излезе на мирен протес, а дел од протестот се вработени во полицијата, шумска полиција, судска и затворска полиција, кои се членови на Независниот синдикат на полицијата.

Пред неколку дена Орце Коцевски, генерален секретар на Независниот синдикат на полицијата (НСП) упати повик до полицајците да учествуваат на протестот закажан за денес.

- Advertisements -

Коцевски потсетува на ветувањето дадено од Владата дека ќе добијат подобри услови за работа и повисоки плати, но како што вели, како синдикалци се соочувааат со невидени притисоци при барањето на синдикалните права.

 

Поврзани новости