Половина милионскиот договор денеска беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки. Хигиенските услуги, кои на месечно ниво чинат 24.000 евра, ги нарачала Службата за општи и заеднички работи на Владата, а ги договорила со друштвото за обезбедување и услуги Секјуриком мултисервис интернационал ДОО Скопје, која единствено се јавила на тендерот.
-Одржување на хигиена на работни простории, холови, санитарни јазли, помошни простории, фасадата на објектот и дворни површини, тековно и техничко одржување и контрола на објектот на МРТВ во Скопје, стои во склучениот договор.
Над половина милион евра чини и двегодишното одржување на хигиената во зградата НИП Нова Македонија, во која се сместени неколку министерства, како и за чистење на претседателската вила во Водно, а за нив е задолжена истата компанија.