Готов е албумот на новинарскиот бенд „Рипортерс“

by Фокус 14:03
14:03

Седум рок-песни, меѓу кои и веќе познатите „Слобода“ и „Пушти глас“, се најдоа на првиот албум на бендот „Рипортерс“, составен исклучиво од македонски новинари. Парите од продажбата на цедето и од концертите ќе бидат наменети за солидарниот фонд, кој веќе го формираше новинарскиот синдикат ССНМ и кој ќе се користи за помош на новинарите и на медиумските работници во неволја.

„Рипортерс“ го сочинуваат вокалистот Петрит Сарачини, Борјан Јовановски -тапани, Миле Бошњаковски свири на бас-гитара, Стојан Трпчевски – вокал и клавијатури, Жарко Димитриоски – соло гитара, Драган Антоновски – ритам-гитара. Како гостин на песната „Пушти глас“, дел од тапаните ги свири и новинарот на „Телма“ Панта Џамбазовски, инаку првиот тапанар на „Архангел“.

- Advertising -

– Идејата е пред сѐ хумана – од новинарите за новинарите. Немаме претензии да одиме на Евровизија, но имаме намера да ја разбудиме солидарноста во еснафот, и тоа преку музика. Сите нѐ знаат како новинари, тоа го работиме со години, но малкумина нѐ познаваат како музичари. Тие што биле во нашето поблиско окружување знаат дека сакаме да пееме, да свириме и секој од нас бил дел од бендови и свирел во живо. Но, тоа воопшто не е важно, она што е најсилно кај „Рипортерс“ е подготвеноста на секој од нас, без оглед кој во кој медиум работи и каква уредувачка политика и ставови застапува дека можеме да се обединиме во солидарната, во хуманата приказна – да му помогнеш на другиот, на тој на кого му е потребна помош. Тоа е тоа што ги обедини бендот и ССНМ заеднички да ја шират таа човечка солидарна приказна – вели Антоновски, кој вооедно е и потпретседател на новинарскиот синдикат ССНМ.

ј

На компакт-дискот има седум песни со авторски текстови и музика, а првата официјална промоција ќе биде на 3 мај. Подоцна ќе се случат уште седум настапи низ градовите во Македнија и сите што сакаат, ќе можат да го купат цедето, а парите од влезниците и од продажбата на дискот влегуваат во солидарниот фонд на ССНМ. Целиот проект е поддржан од амбасадата на САД, а го реализираат „Рипортерс“ и ССНМ.

ССНМ веќе организираше две акции преку кои собираше средства за помош на новинари во неволја.

 

Поврзани новости