496
Кабинскиот персонал на Луфтханза денеска и утре ќе оддржи штрајк заради што ќе бидат откажани 1.300 летови на германскиот авио-превозник, што ќе погоди 180.000 патници, пренесува агенцијата Ројтерс.
Тоа значи дека ќе биде откажан секој петти од вкупно 6.000 летови на авио-компанијата планирани за денес и утре, односно во деновите за кога е закажан штрајк.
Ова, според компанијата, следува откако судот во Франкфурт дал зелено светло за одржување на штрајк, отфрлувајќи го барањето на авиокомпанијата за забрана на штрајковите.