683
Силниот земјотрес 6,2 степени по Рихтеровата скала остави пустош во централна Италија.
Бројот на загинати достигна и до 73 лица и стотици повредени кои се извлекуваат од под урнатините во трите гратчиња Аматриче, Пескара и Акумоли, каде беше епицентарот на земјотресот. Сепак, се смета дека бројката и натаму ќе се зголемува, бидејќи голем број лица се заробени под урнатините.
-Многумина се сѐ уште под урнатините. Подготвуваме место каде што ќе бидат сместени загинатите- изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци.
Инаку, Италија, поради својата географска положба, е постојано потресувана од земјотреси. Во 2009 година имаше голем земјотрес во Л’Аквила, во кој загинаа над 300 лица.