394
Поради лошите временски услови, од ноќеска по полноќ забранет е влез на тешки товарни возила во Грција, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Во меѓупросторот за влез во јужниот сосед чекаат околу 70 товарни возила. Утринава раководителите на смена на полициската станица за граничниот премин Богородица и неговиот колега од граничниот премин Евзони, оствариле контакт во врска со застојот.