Од петок зголемување на температурите, па нов снег

by fokus 13:28
13:28

Нов влажен бран со дожд, снег и пораст на температурата ќе ја зафати Македонија од петок.

ОД УХМР за утре изутрина најавуваат дека температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а во текот на денот претежно сончево со пораст на дневните температури.

Позначителен пораст на температурата кон крајот на неделата. Во петок на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.

Поврзани новости