Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека медиумите професионално известуваат за време на пандемијата

by Fokus

Вкупно 64 отсто од граѓаните сметаат дека медиумите известуваат професионално и непристрасно за време на пандемијата со ковид-19. Медиуми во кои најчесто се забележани дезинформации и погрешни информации се социјалните медиуми – дури 28,8 отсто и тоа најмногу Фејсбук, но и телевизиските канали – 26,8 отсто.

Ова го покажува истражувањето спроведено од Македонскиот институт за медиуми (МИМ), во соработка со агенцијата М-Проспект, во врска со ставовите на граѓаните за медиумското известување во текот на пандемијата со Ковид-19.

Истражувањето е спроведено телефонски, од 14 до 20 декември 2020 година, на случаен примерок од 1003 испитаници.

Поврзани новости