668
Mнозинството граѓани во aнкетата на Телма и МЦМС се изјасниле дека не веруваат во здравствените власти дека имаат капацитет да ја спроведат најавената вакцинација.
Конкретно, 60,5 отсто од испитаниците сметаат дека здравствените власти нема да можат навремено и и ефективно сите да ги вакцинираат.
Сепак, една третина или 34,7 отсто веруваат во капацитетот на здравството, додека 4 отсто немаат став за ова прашање.
Истражувањето е спроведено од М- Проспект во периодот од 16 до 24 декември, преку телефонска анкета, на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.