Корона вирусот зема уште 17 жртви, еден починал вон болнички услови

by Фокус

Починати се 17 лица во последните 24 часа како последица од ковид. Притоа, 6 пациенти се од Скопје (66, 45, 77, 72, 77, 67), двајца од Куманово (62 и 58), еден од Прилеп (78), еден од Тетово (59), еден од Струга (81), тројца од Велес (75, 77 и 81), еден од Охрид (69), еден од Крушево (54) и еден од Неготино (60). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 606 оздравени пациенти од: Скопје-194, Дебар-6, Штип-22, Прилеп-61,  Тетово-36, Струга-20, Велес-22, Битола-39, Охрид-45, Кавадарци-24, Гостивар-27, Гевгелија-16, Струмица-23, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-5 и Неготино-11.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 82.301, бројката на оздравени пациенти е 60.256, на починати е 2.473, а бројот на активни случаи изнесува 19.572 лица.

Поврзани новости