587
Зголемен е бројот како на нови случаи на Ковид-19, на пациенти приклучени на апарати, така и на направени тестови во Грција, согласно денешните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.
По речиси четири месеци регистрирани се над 4.000 новозаразени, односно вкупно 4.181 случај, починаа 19 лица, а 219 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници.