Над 300 лица провериле во СЈО дали се прислушкувани

by fokus

Повеќе од 300 барања за проверка на телефонски броеви дали биле таргет на прислушувањето пристигнале до Специјалното јавно обвинителство, потврдуваат од СЈО за ПлусИнфо.

Според СЈО, 292 барања се обработени и веќе се дел од предметот „Таргет“ додека останатите барања сè уште се обработуваат.

Од таму информираат дека лицата за кои ќе се утврди дека користеле телефонски броеви кои биле предмет на незаконско следење на комуникациите, како и лицата за кои ќе се утврди дека биле соговорник на незаконски следен телефонски број ќе бидат повикани во својство на оштетени лица.

Барање до СЈО може да поднесе секое заинтересирано лице, кое ќе треба го наведе телефонскиот број или телефонските броеви за кои се сомнева дека биле предмет на незаконско следење на комуникациите. Во барањето потребно е да бидат наведени и имињата на лицата кои ги користеле ваквите телефонски броеви и контакт податоците за лицата. Барањата можат да бидат доставени лично, по пошта или по електронски пат.

 

Поврзани новости