694
Владата ќе издвои скоро 27 000 евра за чистење на трагите од Шарената револуција од Порта Македонија.
Музејот на македонската борба за државност и самостојност, веќе на оглас бара фирма за „отстранување на оштетувањата на фасадите на недвижното културно наследство”.
Порта Македонија беше редовна мета на шарените револуционери кои за време на протестите на неа пишуваа разни пораки до власта.
Претходно, трагите од Шарената револуција се обидоа да ги избришат и жени, кои со кофи и детергенти „спонтано” се собираа пред споменикот и го миеја шаренилото.