Судот одби да се изјасни дали Талески смее да е градоначалник од притвор

by fokus

Основниот суд во Скопје одби да се изјасни дали битолскиот градоначалник Владимир Талески смее да раководи со Општината од домашен притвор.

Во изјава за Мета, од судот велат дека тие знаат што значи мерката притвор, но не биле надлежни да го толкуваат законот.

Од судот велат дека на прашањето дали Талески смее да потпишува службени документи и да комуницира со вработени во Општината додека е во притвор треба да одговори Собранието.

Инаку, вакво барање до судот вчера испрати советничката од Општина Битола, Габриела Илиевска. Таа бара одговор и од Апелациониот суд, но и од Специјалното јавно обвинителство, за тоа како е можно Талески да потпишува документи од домашен притвор.

Инаку, битолскиот градоначаленик веќе втор месец е во куќен притвор, за случајот „Транспортер” во кој е осомничен дека преку коруптивни тендери со школскиот прибор ја оштетил општината за 360 илјади евра.

Поврзани новости