На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 217 мерки. Најмногу од нив, вкупно 49 за непрописнопаркирани возила, 37 прекршоци што ги чинат пешаците, 20 санкции за користење мобилен телефон и 16 за некористење сигурносен појас, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Помеѓу санкциите има и 16 за возење повеќе од дозволената брзина, 13 санкции за возење без возачка дозвола. По четири санкции има за технички неисправни и нерегистрирани возила како и за минување на црвено. Три санкции, пак, се за недавање првенство на минување на пешаци и две за возачи на мотоцикли.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.