711
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 110 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).
– Изречени се девет санкции за нерегистрирани возила, четири за некористење сигурносен појас, 20 санкции за непрописно паркирање, се вели во соопштението од МВР.
Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.