478
Над 20.000 граѓани не добиле плата за месец јануари, соопшти Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
-Во јануари 2022 година, 4968 работодавачи поднеле месечни пресметки за интегрирана наплата, но истата не е исплатена за 12827 вработени. Доставени се опомени и веќе оди блокирање на сметките и присилна наплата. 5029 работодавачи воопшто не поднеле месечни пресметки за наплата, а се однесуваат за 7811 вработени. И до нив се доставени опомени, додаде Лукаревска во емисијата „Топ тема“.