Над 2.000 луѓе загинале во вчерашниот земјотрес во Авганистан

by Fokus

Расте бројот на жртвите од силниот земјотрес што го погоди Авганистан и според новите официјални податоци објавени од талибанската влада во неделата, загинале повеќе од две илјади луѓе, а над девет илјади се повредени. По земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што во саботата го погоди регионот на околу 30 километри северозападно од градот Херат, следеа уште осум силни потреси.

2.053 лица загинаа, а 9.240 се повредени, објави во неделата Министерството за катастрофи. Уништени или оштетени се 1.329 куќи.

Повеќе од 200 мртви се донесени во неколку болници, изјави претставник на Министерството за здравство кој се претстави како Др. Даниш додаде: „Повеќето од нив се жени и деца, а 510 се повредени“. Во селото Сарболанд во областа Зинда Јан беа збришани десетици куќи, јавува новинар на АФП.

Поврзани новости