602
Во последните 24 часа во Русија се потврдени 19.788 нови случаи на корона вирус, што е најголем број на случаи за еден ден од почетокот на пандемијата.
Во истиот временски период се регистрирани 389 смртни случаи, што е и најголем број на починати за еден ден.
Од почетокот на пандемијата во Русија има вкупно 1.693.454 заразени, а 29.217 луѓе починале од Ковид-19.