452
Најмалку 164 луѓе загинаа во поплавите, што од 8 август, ја зафатија јужната индиска држава Керала, а спасувачките тимови со хеликоптери и чамци ги евакуираа стотиците загрозени жители.
Се евакуираат околу 150.000 заробените луѓе, кои се сместени во 1.200 приватни кампови.
Обилниот дожд во последните осум дена предизвика лизгање на земјиштето и поплави. Патиштата се оштетени, а во Керала нарушен е и воздушниот и железничкиот сообрачај.