Уште триесетина граѓани синоќа и утринава побарале лекарска помош поради повреди во паника од земјотресите во Скопје. Со тоа, бројката на повредени после вчерашниот силен земјотрес се искачи на околу 130 лица, јави 24 Здравство.
Најголемиот дел се од 30 до 60 годишна возраст и речиси сите се здобиле со повреди додека во паника бегале од нивните домови.
Повеќето имале скршеници, набиеници по телото, расекотини или вртоглавици од стресот.
-Сите овие ново примени пациенти, по укаќаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување – вели д-р Никола Груев, заменик директор во Клиниката за хируршки болести св. Наум.
Инаку, земјиштето во Скопје и натаму се тресе. По земјотресот неколку минути пред 12 часот, кој беше со силина од 2,3 Рихтерови степени, во 14:30 часот имаше нов потрес, уште посилен со магнитуда од 3,7 степени по Европската макросеизмичка скала.