426
Над 120 акредитирани новинари, сниматели и фоторепортери ќе присуствуваат во Универзална сала, каде лидерот на СДСМ, Зоран Заев на трибина ќе го обелодени, како што вели најголемиот изборен грабеж во историјата на Македонија.
Од таму велат, дека најдрските и најбезобразните примери на грабеж на изборните процеси од страна на Никола Груевски и неговите соработници, вечерва ќе бидат обелоденети во 19 часот. Голем интерес владее во јавноста за вечерашната трибина, за која влезот е бесплатен, најавени се и претставници на најмалку шест дипломатски претставништва во Македонија. За сите кои нема да најдат место во Универзална, надвор ќе има два видео бима на кои ќе се врши директен пренос. Трибината во живо ќе се пренесува и на сајтот на СДСМ.