ЛДП: Груевски „избрка“ 300 милиони евра од Македонија

by Фокус

Владата на премиерот Никола Груевски дозволи за само една година, безмалку 300 милиони евра да „избегаат“ од државата, обвинуваат од опозицискиот ЛДП.

„Наместо остварените дивиденди на странските инвеститори да се реинвестираат овде, тие се одлеале по светот. Овој непобитен факт, за лошо водената економската политика од страна на Владата, го потврдуваат податоците на Народната Банка на Македонија, каде јасно стои дека од државата ланската година се одлеале 281, 8 милиони евра, по основ на остварените дивиденди на странските инвеститори. Овој загрижувачки факт ја разбива розовата слика што владата ја проектира во јавноста, за наводната поволна бизнис клима, бидејќи ако навистина е така, тогаш зошто странските инвеститори не ја препознале, па остварената добивка да ја вложат повторно во Македонија?“, прашуваат либералдемократите.

Поврзани новости