932
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 136 сообраќајни мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46, шест за возење без возачка дозвола и три за нерегистрирани возила.
Од МВР денеска информираа дека се изречени 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за некористење сигурносен појас и 41 санкција за непрописно паркирани возила.
Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.