Над 1.000 денари повеќе секој месец за парно и струја оти власта краде, обвинува ВМРО

by fokus

Заради Ковачевски народот ќе плаќа поскапо парно и струја, над 1.000 денари повеќе секој месец за овие две давачки, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Со одлука на РКЕ на Марко Бислимоски, поради неспособноста и криминогеноста на Ковачевски, парното поскапува за 15%. Со тоа домаќинствата со двособен стан ќе плаќаат над 300 денари повеќе секој месец за затоплување на нивните домови.

Ковачевски не обезбеди евтин енергенс, како што тоа го направија другите европски држави.

Претходно пред само еден месец заради истите причини се покачи цената на струјата, за околу 18% за најголемиот број домаќинства, и 138% за тие кои се греат на струја.

Заради Ковачевски секое нормално домаќинство плаќа скоро 1.000 денари повеќе за струја, а тие што се греат на струја допрва ги очекува шок за време на грејната сезона, реагираат од опозицијата.

 

Поврзани новости