Начевски: Не купуваме 3 џипа, туку теренски возила за потребите на Дрисла

by Фокус

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје обвини дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов купува 3 нови џипа за директорот на депонијата Дрисла Коста Начевски.

„Шилегов ќе го поднови Начевски со три нови џипа, кои се дел од јавната набавка од вкупно 13 милиони денари за набавка на нови возила. Раководството на Дрисла не крие дека овие возила ќе се користат од раководната администрација и самиот директор. Значи, наместо да се набави работна механизација и кипери, тие ќе набавуваат возила за луксузирање на раководството на ова градско претпријатие“, стои во соопштението на скопските советници на ДПМНЕ.

Начевски, пак, реагира дека не е точно дека ќе се купуваат 3 џипа, туку, како што вели, станува збор за класични теренски возила исклучиво за потребите на депонијата.

-Едно ќе и им биде ставено на располагање на вработените во лабораторијата за испитување на водите. Локацијата каде се третираат депониските отпадни води е оддалечена два километри од административната зграда, а до таму се стигнува по исклучително лош земјен пат. Другото возило ќе биде наменето за обезбедувањето, а евентуално третонабавеното теренско возило ќе се користи кога доаѓаат гости во контрола на депонијата – вели тој.

Поврзани новости