Началникот на СВР Битола, Методија Атанасовски, си ја вработил сопругата како негова колешка – во службите на полицијата во Ресен.
Покрај сопругата, на списокот нововработени е и претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Бојан Димовски.
Запрашан дали се вработил без оглас, во изјава за Мета, Димовски рекол дека „МВР си има свој протокол за вработување и сè е во рамките на законските прописи“.
Инаку, завчера СВР Битола отвори вкупно 26 нови работни места, кои сите ќе бидат пополнети без оглас.
Портпаролката Сања Стаматова за Мета вели дека не знае ништо за новите вработувања, посочувајќи дека МВР биле одговорни за вработувањата.
Инаку, Во СВР Битола од неодамна без оглас е вработен и синот на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Зоран Илиоски.