СЈО бара намалување на казните на осудените во „Шпион“

by fokus 19:43
19:43

Специјалното јавно обвинителство ги одби како неосновани најголем дел од жалбите поднесени од осумнаесет обвинети во случајот „Шпион“.

За СЈО спорни е само висината на казните, па побараа тие да бидат намалени, а за дел од обвинетите да се изречат условни казни.

Прифатени се жалбите  во врска со висината на казните на обвинетите за оружјето пронајдено кај Горан Стојков и Цветан Дамјански и во делот од пресудата против Марјан Ефремов за кривичното дело прикривање.

Обвинителката Елизабета Јосифовска од СЈО која го застапува предметот, смета дека затворските казни на Марјан Маџоски, Живко Петковски и на Георги Хаџи-Мицев треба да се заменат со условни казни, а за другите обвинети, меѓу кои и првообвинетиот Марјан Ефремов, казните да бидат намалени или ублажени.

Инаку, сите обвинети и нивните адвокати на јавната седница посочија дека обвинението и пресудата донесена врз основа на него, се противречни сами на себе и дека станува збор за случај кој е политичко-судска конструкција.

Во случајот „Шпион, на 18 обвинети им се суди за злосторничко здружување, шпионажа и уцена, опфатени се поранешни и сегашни разузнавачи од цивилното и военото разузнавање, екс полициски службеници, екс директорот на Управата за борба против перење пари, екс шефот на Претседателот на Собранието на Република Македонија.

Поврзани новости