314
Албански државјанин е лишен од слобода при влез во Македонија, врз основа на телеграма која македонското МВР ја добило од Интерол.
М.Л. (33) е приведен вчера во 16:45 на граничниот премин „Долно Блаце“ при влезот во Македонија. Тој имал албанска патна исправа.
Албанскиот државјанин, како што соопшти МВР, во 19:45 часот е предаден на УПС од ОАС-СВР Скопје за натамошна постапка.