903
Пред половина час е пронајдена велешанката А.С. ( 29) по која се трагаше цела ноќ.
Девојката била забележана од нејзини сограѓани кај езерото Младост, кои ја известиле полицијата.
-Колегите веднаш по дојавата заминаа на самото место. Девојката е пронајдена, контактибилна е, се разговара со неа, тоа се првичните информации кои ги имаме – за ,,Фокус” изјавија од СВР Велес.
Исчезнувањето на девојката вчера во полиција го пријавила нејзината сестра.
Имено, А.С. се оддалечила од домот вчера наутро и по неа се трагаше во текот на ноќта и утринава.
Неофицијално, пред неколку дена починал нејзиниот татко.
Вики Клинчарова