639
ЈуТјуб каналот на Доналд Трамп, суспендиран на 12 јануари, ќе биде повторно дозволен кога ќе биде намален ризикот од насилство, изјави синоќа шефицата на видео сервисот на Гугл, Сузан Војчицки.
Поранешниот американски претседател Трамп беше отстранет од интернет платформите по нападот врз Конгресот на 6 јануари од неговите приврзаници.
Трамп има доживотна забрана од Твитер, а Фејсбук го укина неговиот профил на неодредено време.