669
Делегацијата на Собранието по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Денот на Републиката, на Мечкин камен, Крушево, ќе ја предводи потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, соопштуваат од собраниската прес служба.
-Претседателот на Собранието, Талат Џафери, е во добра здравствена состојба, нопо препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување, велат од таму.
Џафери по изборната кампања беше хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на Ковид-19, иако сите тестови досега му беа негативни.