321
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е умерен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти АМСМ.