На судењето за „Монструм“ ќе се читаат „бомби“ поврзани со петкратното убиство

by fokus

Денеска во Кривичниот суд на судењето за случајот „Монструм“ треба да продолжи читањето на транскрипти од нелегално прислушуваните разговори од УБК, а поврзани со петкратното убиство што се случи во 2012 година кај Смиљковското Езеро.

Од 616 транскрипти, на минатото рочиште беа прочитани седумдесетина.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Поврзани новости