Ученикот од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград кој е осомничен дека со пиштолот на неговиот татко убил осум соученици и чуварот на училиштето, важел за примерен ученик кој учествувал на многу училишни натпревари. Покрај починатите имаше и многу повредени ученици, како и наставничката по историја.
Во неговиот список за убивање, кој по настанот полицијата го најде во неговиот дом, имало и имиња на ученици со кои имал добри односи, тврди родител на ученик кој учи во училиштето „Владислав Рибникар“, пренесе Нова.рс.
Тој лани го освоил третото место на натпреварот по историја и важел за дете на кое и самата повредена учителка му била повеќе наклонета.
„Без разлика дали тоа било поради конкуренцијата или затоа што ја сакал историјата и учел со разбирање, наставничката му обрнувала внимание во некои работи повеќе од другите деца. Сите сме во шок затоа што сакаше да ја убие и што имаше некаков гнев кон неа“, изјави родител на ученик од истото одделение.
Во деновите по масакрот што го изврши ова тринаесетгодишно момче, на неговиот список на луѓе кои сакал да ги убие ги вклучил и сите негови добри пријатели.
„Сите тоа се деца со кои тој е долги години пријател. Имаше пријатели од училишниот двор, од одделението, но и оние со кои се гледаше и ги посетуваше надвор од училиштето. Меѓу девојките на списокот има и такви со кои му се допаѓале. Просто, како да сакаше да ги тргне од животот блиските луѓе, зошто е тоа така – никој не знае“, вели таткото на момче кое често се дружело со него.
Овој родител се обидел да разговара со синот за се што се случило, но ниту тој не можел да каже конкретна причина.