На СОНК и МОН им треба уште време за преговори

by Фокус

Се продолжува рокот за преговори помеѓу СОНК и Владата, информираат од Синдикатот за образование, наука и култура.

„На средбата неминовен беше заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор имаат потреба од поголем временски период од 10 дена под покровителство на назначениот помирувач назначен од Министерството за труд и социјална политика, а во рамките на рокот согласно член 27 од Законот за мирно решавање на работни спорови со оглед на фактот што преговорите се движат во нагорна линија“, се вели во соопштението на СОНК.

Од СОНК информираат дека на денешните преговори двете страни ја утврдија содржината на препораката според која продолжуваат преговорите помеѓу СОНК и МОН за уште 10 дена во врска со точките кои се предмет на преговори согласно одлуката за организирање на штрајк.

Со оваа препорака предвидено е во дополнителните 10 дена да се утврди процентот за усогласување на платите на горенаведените дејности како и дефинирање на крајни рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование.

„Содржината на препораката се утврдува со цел во понатамошните преговарања да не се почнува одново туку од таму кадешто е постигната согласност, а со цел изнаоѓање на оптимално решение за страните во насока одговорно решение на настанатито спор“, информираат од СОНК по средбата во Владата.

Поврзани новости