Од Беса се чувствуваат игнорирани затоа што не се поканети на лидерската средба

by fokus

Денешната средба помеѓу премиерот, претседателот на државата и претседателите на политичките партии ДУИ и ВМРО ДПМНЕ е уште еден доказ за игнорирање на претставниците на мнозинството на албанците во Македонија, велат од партијата Беса во врска со координативниот состанок кој се одржува вечерва меѓу политичкиот врв и претседателот на државата во Клубот на пратеници.

„Имајќи предвид фактот дека ние сме биле целосно посветени и конструктивни во процесот на преговорите кои се одвиваат меѓу Македонија и Грција за спорот со името на државата, се чуствуваме игнорирани од фактот што претставниците на мнозинството Албанци во Македонија, кои во овој случај не се ДУИ, се оставени надвор од процесот за информирање во врска со преговорите за спорто со името. Ние го разбираме фактот дека секоја македонска политичка партија било тоа СДСМ или ВМРО ДПМНЕ поедноставно им е да ги повикуваат само ДУИ во вакви процеси бидејќи тие добро ја знаат улогата на статист на ова партија во овие битни процеси за иднината на граѓаните на Македонија, но не можеме да сфатиме како е можно да се игнорираат мнозинството од над 50% на граѓаните кои во овој случај не се претставени преку ДУИ?“, додаваат од партијата

Од таму посочуваат дека Беса е најголема партија на Албанците во опозицијата и дека како таква има право да биде дел од состанок, важен за иднината на државата.

„Затоа, им апелираме на државниот врв, под итно да го смени своето селктивно делување за вакви битни процеси за иднината на државата и да ги почитува гласовите на Албанците кои во овој случај се мнозинство во опозиција, и како легитимни претставници на Албанците да бидат дел од дијалогот за вакви теми. Времињата се сменети, сега Албанците имаат свои претставници кои ги застапуваат и нема да дозволиме со диктати или непринципиелни партнерства некој да гази врз волјата на мнозинството на Албанците во Македонија“, стои во соопштението на БЕСА.

Поврзани новости