638
На плоштадот Македонија во Скопје од вчера попладне е отворен пункт за донации за семејставата на настраданите во страотните земјотреси што вчера ги погодија Турција и Сирија.
Граѓани, компании донираат облека, обувки, покуќнина, храна, вода и хигиенски производи за семејствата што во земјотресите останаа без ништо.
Пунктот ќе биде во функција се додека е потребно, а скопјани масовно донираат согласно своите можности.