На сила го однела невенчаниот сопруг (87) на нотар за да и го препише имотот

by Fokus

МВР информира дека вчера во 12 часот во СВР Тетово, 87 – годишен тетовец пријавил дека неговата невенчана сопруга С.П. агресивно се однесувала кон него и со сила го однела на нотар да потпише согласност дека самоволно сака да биде сместен во дом за стари лица и целиот негов имот да го префрли на нејзино име.

„Според пријавеното, тој одбил да ја потпише согласноста, по што таа продолжила да му се заканува да ја потпише согласноста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од СВР-Тетово.

Поврзани новости