46
Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека на секои 10 минути во Појасот Газа загинува по едно дете.
„По едно дете е убиено на секои 10 минути во Појасот Газа. Жално е што голем број деца се повредени во интензивните и често неселективни израелски напади. Моментално примирјето е последната преостаната надеж“ – се вели во објавата на УНРВА на мрежата Икс.
Бројот на загинати во Појасот Газа се зголеми на најмалку 34.049, по повеќе од шест месеци војна меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство, пренесе претходно Си-Ен-Ен.