Деновиве од печат излезе „На ракавот на градот“ ‒ прва стихозбирка на младата поетеса Ивана Јовановска од Скопје, во издание на ПНВ Публикации.
„Поезијата на Ивана Јовановска со својата свежина, едноставност и непосредност, со секој нов стих, со секоја нова поетска слика, со секое ново пеење нè потсетува на потребата да се зачува, да се обнови, да се втемели разнишаното достоинство на современиот Човек. (…) Меѓу редовите на песните на Ивана Јовановска како дискретно да се открива една од тајните на добрата поезија – не само да ја поттикнува здравата надеж во нас туку и да нè потсетува „да љубиме, / поинаку, / повеќе“, вели професорот Владимир Мартиновски.
Промоцијата на стихозбирката се планира за 19 мај во Младинскиот културен центар во Скопје.