На први мај протест „Стоп за извршителите“

by fokus

Граѓани преку социјалните мрежи најавуваат првомајски протест против извршителите. Според најавите, протестот ќе започне во 11 часот кај МРТ и Основен суд, а ќе продолжи кон Собрание, Министерство за правда и ќе заврши пред Владата.

„Блокирани, ограбени, дискриминирани, понижени, отфрлени од државата, невидливи за институциите, постојано под ударот на криминалната спрефа извршители, доверители, нотари, судии, банки, политичари кои бесрамно се богатат врз потта и солзите на луѓето“, стои во најавата за протестот.

Поврзани новости